Проект „ Дигитална инклузија “

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Проект „ Дигитална инклузија “

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, во рамките на програмата Еразмус+, учествува во проект за размена на добри практики со наслов „Дигитална инклузија – трансформирање и интернационализација на училиштата преку технологија“, во координација на училиштето Тереза Мигел од Реус, Шпанија. Во партнерството учествуваат образовни институции и други училишта од Италија, Бугарија, Грција и Шпанија.

 

Целта на проектот е да се разменат добри практики помеѓу партнерските организации во однос на изучувањето на јазици, математика и роботика. Излезните резултати ќе бидат во форма на:

– база на податоци со ресурси за наставници во форма на планови за часови и педагошки помагала

– фото-манифест – илустриран манифест за едукатори со препораки за дигитална инклузија

– акциони планови со практични и готови модели кои би го олесниле процесот на подучување на дигитални вештини

Проектот ќе се изведува во наредните две години, а нашето училиште ќе допринесе во креирањето на сите дидактички материјали за употреба во училница и надвор од неа.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den