Работилница „Расипан часовник“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Работилница „Расипан часовник“

Учениците при СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес, кои ова лето беа дел од проектот „Отворениот ум не познава граници“, кој се одржа во Сомбор, Србија, на ден 24.10.2017 одржаа работилница под наслов „Расипан часовник“ во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.

Тие самите одлучија за името на оваа работилница, водејќи се според изреката дека и расипаниот часовник е точен два пати во денот, односно поттикнувајќи ги сите оние кои се плашат да го искажат своето мислење, јавно да се изразат.

{besps}stories/ucebna2017_2018/casovnik/sliki{/besps}

 

Работилницата беше организирана со помош на одговорните професори: Петре Петрушевски и Елизабета Николовска, а на истата присуствуваа ученици од сите генерации во нашето училиште. Се започна со неколку игри, а потоа учениците дојдоа до ниво каде обработуваа теми кои длабоко ги засегаат сите нив.

Тие дискутираа и дебатираа на четири различни теми:

1.Неформалното образование во рамките на формалното образование на едукациониот систем на Р. Македонија;

2.Општествената дискриминација врз одредени индивидуи и групи во општеството;

3.Влијанието на социјалните медиуми врз секојдневниот живот на тинејџерите. Какво значење навистина има овде зборот „социјални“ ?

4.Односот ученик – професор во нашето училиште. Позитивни и негативни страни. Што би промениле, што би задржале?

Работилницата побуди измешани емоции и разгори пламен во секој од нив, а сите заминаа задоволни давајќи само позитивни коментари за истата, со огромна желба да се повтори во најблиска иднина.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den