РАБОТИЛНИЦА ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

РАБОТИЛНИЦА ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Во нашето училиште беше реализирана работилница со наслов „Булинг? Не во моето училиште“. Во работилницата учествуваа 30 ученици од мешан етнички состав од прва и втора година и родители. Модератори на работилницата беа претходно обучени ученици од страна на педагогот, психологот, наставниците по информатика и албански јазик во училиштето, под чие менторство беа подготвени презентациите за спречување на врсничко насилство.

Врсничката едукација уште еднаш се потврди како успешен модел за работа со младите. Потврда за тоа беше позитивната атмосфера, интересот, активноста и задоволството искажано на крајот од работилницата.

{besps}stories/ucebna2018_2019/vrsnicko/sliki{/besps}

 

Учениците се стекнаа со вештини за соработка и тимска работа во мешан етнички состав, развиваа толеранција и ставови за почитување на мислењето во групата, градеа вредности за меѓуетничка интегрираност, го надградуваа чувството на почит и формираа пријателства кои продолжуваат и надвор од училишните клупи.

Како резултат на успешната соработка и комуникација во работилницата, учениците заедно со родителите изготвија препораки и совети за своите врсници. Со препораките и советите беше изработен и флаер со текст и слики и видео, кои ќе им помогнат на учениците при разрешување на евентуални конфликти и препознавање и спречување на врсничко насилство.

Координатори на работилницата:

Анита Смилевска, психолог

Бранка Донева, педагог

Линдита Маликова, наставник

Гордана Саздова, наставник

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den