Реализирани активности во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Реализирани активности во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“

На 25 април 2018 година ги заокруживме активностите кои ги спроведовме во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“.Нашето дружење го започнавме на 20 април 2018 година, кога ја посетивме Спомен- куќата во која просветителот и преродбеник, Јордан Хаџи Константинов – Џинот,ги поминал последните години од својот живот.

{besps}stories/ucebna2017_2018/mio_den/sliki{/besps}

 

Учениците вклучени во овој проект имаа можност да се запознаат со најважните податоци за животот и творештвото на Јордан Хаџи Константинов Џинот.Да ги прошират своите знаења за него како: народен учител, кој се бори за воведување на македонскиот јазик во наставата, и основач на првото народно училиште во Велес и автор на првиот буквар на македонски јазик „Таблица перваја“.Преку создавање и изведба на кратки сценски дела тој се смета за основоположник на театарската дејност во Македонија.

Учениците ги разгледаа просториите каде тој живеел и творел,а исто така и музејската постановка, изложена во една од собите на Спомен- куќата.Потоа, на чардакот, преку кратко излагање на македонски и на албански јазик кое го прочитаа ученичките: Кристина Ончева и Сеаде Мустафова, учениците се запознаа со творештвото на овој автор и слушнаа како звучи неговата песна „Труд ми е името“ на двата јазика. Песните ги рецитираа: СараТаратакова и Елмије Емрулова.

Запознавањето со животот и творештвото на Јордан Хаџи Константинов се заокружи со power point презентација, подготвена од страна на учениците од втора и трета година: Александра Деловска, Кристина Ончева, Ива Црвенова, Амела Кицара,Беса Латифова и Хурмете Амзова.Тие презентираа повеќе податоци за овој просветител кој е застапен во наставната програма на учениците со настава и на македонски и на албански јазик.

Завршните активности им овозможија на учениците да се запознаат со уште еден автор кој е застапен во наставните програми за четврта година, на двата наставни јазика, а тоа е Исмаил Кадаре и неговиот роман „Генералот на мртвата војска“. Учениците: Сибил Алидини, Тијана Темелкова, Армин Бајрами, Натали Андовска, Паула Панова , Александра Трајковска, Јетмир Јакупи, Нафи Адеми и Семир Ахметовски подготвија power point презентација преку која не запознаа со животот и творештвото на овој познат претставник на постмодерната литература на албански јазик.

Учениците: Пале Зврцинова,Валерија Иванова, Амела Кицара и Јетмир Јакупи изработија хамери и презентацијата на фотографиите кои ги подготви ученикот Виктор Миладинов,а ученичката Емина Атемовска изработи цртеж од Спомен- куќата на Џинот.

Заедничката презентација се одвиваше во просториите на училишната библиотека каде учениците вклучени во проектот заеднички ги проследија презентациите, се дружеа и разменија размислувања и впечатоци за реализираниот проект.

Одговорни професори: Стручен актив по мајчин јазик

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den