Средба на учениците со актерот Жарко Спасовски
Учениците кои се дел од проектната активност Ликовна уметност и Литературни клубови и драмски секции на 21.2.2018 година имааа можност да се сретнат со актерот од велешкиот театар „Џинот“, Жарко Спасовски.
{besps}stories/ucebna2017_2018/sredba/sliki{/besps}
Средбата се одржа во кабинетот по ликовна уметност, а на истата присуствуваа околу триесеттина ученици од прва до четврта година под менторство на професорите по ликовна уметност, Крсте Шупев и македонски јазик и литература, Весна Павлова.
Трудољубивоста, ангажираноста, посветеноста и желбата да се даде најдоброто од себе, секогаш ги даваат своите резултати.
Токму за тоа говореше и младиот актер. Истакна дека му претставува особено задоволство што е меѓу нив и со нив може да ги подели своите искуства.
Ги запозна со подготовките за полагање на приемен испит на Факултето за Драмска уметност во Скопје. Особено го истакна значењето и правилниот избор на монологот кој учениците треба да по свој избор, со емоции и актерски способности да го претстават преку сценски настап.
Преку разговор со учениците, тој ги пренесе своите впечатоци од студентските денови на Драмскиот факултет, предметите кои се изчуваат и сугестиите на професорите кои и до денес му помогнуваат во неговата професија.
Дел од разговорот беше посветен и на неговиот сегашен ангажман како актер во велешкиот театар „Џинот“.
Нашиот драг гостин на сите ученици кои изјавија желба да бидат идни актери им посака среќа при уписот на студии. Ние нему му се забалгодаривме што ја прими поканата да биде наш гостин и му посакавме доплга и успешна актерска кариера.