Дисеминација на обуката TAP-SWIPE-PINCH од програмата Еразмус+
Таблетите го менуваат начинот на учење и предавање
На 12 октомври 2018 година во просториите на СОУ“Гимназија Кочо Рацин “ беше реализирана дисеминација на обуката TAP-SWIPE-PINCH (Допрете-Повлечете-Притиснете). Таблетите го менуваат начинот на учење и предавање. Професорите кои оваа обука ја посетија во рамките на програмата Еразмус+, со проект од клучната акција Мобилност на индивидуи и наставен кадар, ги пренесоа стекнатите знаења од соодветната тема на своите колеги.
За професијата професор од иднината се повеќе од потребни дигитални знаења и вештини.Оваа дисеминација овозможи колегите да стекнат одредени знаења и вештини за примена на таблетите во процесот на учење и предавање,како и да ја увидат потребата од воведување иновативни пристапи во образованието. Учесниците на обуката се запознаа со апликации погодни и наменети за работа на час.Присутните колеги активно се вклучија во процесот на дисеминација.
Дисеминацијата беше изведена од страна на професорите Гордана Саздова и Тања Чипевска.