Учество на Гимназијата во „Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај младите на училишна возраст“
Оваа година во нашата земја по шести пат се спроведе „Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај младите на училишна возраст“. Се работи за меѓународно истражување (www.hbsc.org) кое се спроведува во 50 земји од Европа, Северна Америка и Канада, во соработка со Светската здравствена организација. Студијата ги истражува однесувањата на учениците поврзани со здравјето и нивните животни навики, во семејството, во училиштето и во заедницата во која тие учат и растат.
Нашето училиште имаше чест да учествува во ова значајно истражување со 64 ученици од паралелките 11, 12 и 14 во рамките на националниот примерок, од вкупно 160 училишта со 6 000 ученици.
Целта на истражувањето е стекнување на нови увиди и подобро разбирање на децата во најчувствителниот развоен период, периодот на адолесценција. Долгорочната цел на студијата е градење на поуспешни политики за заштита и унапредување на детското здравје и добросостојба, како нивно загарантирано право.
Училишен координатор:
Анита Смилевска
Техничка поддршка:
Димче Зврцинов и Гордана Саздова