Младинска фудбалска репрезентација

slika f
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Женската младинска фудбалска репрезентација на Македонија замина за Црна Гора

Женската младинска фудбалска репрезентација на Македонија до седумнаесет години замина за Црна Гора. Тие ќе учествуваат на развојниот турнир УЕФА кој во периодот од шести до деветти април ќе се одржи во повеќе градови во Црна Гора.

slika f

Селекторот на девојките во црвено – жолти дресови, Кирил Изов, во натпреварите ќе ги вклучи и нашите ученички:Теодора Ѓорѓиевска и Евгенија Крстеска од I-7 клас од Академијата по фудбал.

Пријателскиот натпревар со сениорската фудбалска репрезентација на Македонија на почетокот на месец март беше првиот филтер за девојките, а сега им престојат натпреварите на развојниот турнир во Црна Гора.

Првиот меч нашите фудбалски надежи го играат на 6 април 2015 година против Луксембург во Цетиње. Еден ден подоцна, ќе заминат за Бар каде ќе играат против екипата на Лихтенштајн. На крајот на турнирот, на 9 Април во Подгорица, ќе играат со домаќинот на турнирот, Црна Гора.

Распоред на натпревари:

Македонија – Луксембург (6 април 11 часот)

Црна Гора – Лихтенштајн (6 април 16 часот)

Лихтенштајн – Македонија (7 април 11 часот)

Луксембург – Црна Гора (7 април 16 часот)

Лихтенштајн – Луксембург (9 април 11 часот)

Црна Гора – Македонија (9 април 14 часот)

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den