Натпревари по физика

fizika
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Натпревари по физика

Гимназиското образование вклучува посветеност при изучувањето и на општествените и на природните науки. Затоа со внимание се проучува и физиката, а нашите ученици редовно учествуваат на натпреварите за знаење по овој предмет.

1

Оваа година нашата гимназија беше домаќин на Општинскиот натпревар по физика кој се одржа на 28 февруари 2015 година. На овој натпревар учество земаа следните ученици: Јованче Џоневски, Саше Петров, Даниела Маркова и Константин Атанасов кои се подготвуваа под менторство на професор Надица Теова, како и учениците: Наталија Стојановска која работеше под менторство на професор Драгана Тевчева и Милош Милошевски кој се подготвуваше со професор Ангелина Додов.

2

На Општинскиот натпревар овие ученици го освоија првото и второто место со што се стекнаа со право на учество на Регионалнит натпревар кој се одржа на 4. април 2015 година на Природно – математичкиот факултет во Скопје. На натпреварот учениците постигнаа мошне солидни резултати и им беа доделени пофалници.

Одговорни професори:

Актив по физика

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den