РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА
На 16 февруари 2019 година, Гимназијата „Гоце Делчев“ од Валандово беше домаќин на Регионалниот натпревар по математика, на кој земаа учество ученици од средните училишта од општините од регионот: Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Богданци и Валандово.
Вкупно 9 ученици од нашето училиште се натпреваруваа во категории од прва до четврта година: од прва година се натпреваруваше ученикот Филип Јованов со ментор Оливера Левкова; од втора година се натпреваруваа учениците: Андријана Арсовска, Марија Богоевска и Илија Попов, под менторство на професор Оливера Левкова; од трета година се натпреваруваа учениците: Симона Митрева, Веронија Кодовска и Филип Петковски, со ментор Снежана Арсеновска; од четврта година се натпреваруваа учениците: Борис Даев и Александра Деловска, под менторство на професор Мариче Лазаровска.
Учениците од нашата Гимназија ги постигнаа следните резултати: од прва година ученикот Филип Јованов освои втора награда; од трета година учениците Филип Петковски и Симона Митрева се здобија со пофалници; од четврта година ученикот Борис Даев освои трета награда.
Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатите резултати на натпреварот. Учениците со најдобри резултати ќе учествуваат на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи на 16 март 2019 година според календарот за натпревари утврден од Сојузот на математичари на Македонија.
Стручен актив по математика