ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ НА ОБУКА НА МАКЕДОНСКИОТ ЗНАКОВЕН ЈАЗИК
На 24 февруари 2020 година, во просториите на Сојузот на глуви во Велес, учениците од прва година при СОУ „Гимнзија Кочо Рацин“, а во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес, Невладината организација Здружение за тренинг и едукација ЦЕТ Платформа – Скопје и Националниот сојуз на глуви и наглуви на РС Македонија, имаа можност да присуствуваат на обука за изучување на Брајовата азбука или македонскиот знаковен јазик.
Обуката се одржа под менторство на обучувачот Викторија Волак на тема: „Основи на изучување на знаковниот јазик на глувите и наглувите“. За прв пат за ученици од нашиот град, а за прв пат и надвор од Скопје е одржана оваа обука. Сите учесници задоволни ја научија азбуката на знаковниот јазик на глувите и наглувите. Искрено се надеваме дека ова е само почеток на активностите кои ќе следат понатаму!
Одговорeн професор:Цветанка Кармаркова