Oбуката „Начини на превенција и справување со насилството во училиштата“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Од страна на Бирото за развој на образованието, а во реализација на
Акредитираниот провајдер Академија Ц.Е.С. на 12 декември 2023 година во
нашето училиште се реализира обуката „Начини на превенција и справување со
насилството во училиштата“. Обуката ја проследија сите професори од
Гимназијата. Обучувач на истата беше Даниела Мијалковска, психолог во ООУ
„Методи Митевски Брицо“ – Лозово.
Преку предавања и практични работилници се пристапи кон дефинирање на
поимот за насилство, како и за начините, методите и техниките за превенција и
разрешување на конфликтни ситуации.Со цел да се спречи насилството во
училиштата, наставниците беа обучени како со помош на медијација и примена на
емоционалната интелигенција и емпатија, како и со помош на ефективна
комуникација, да придонесат за препознавање, превенирање, и доколку до истото
дојде, разрешување на врсничкото насилство.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den