Во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на просветните работници, на 22
мај од страна на Општина Велес беше организиран ораторски натпревар на
тема „Во почетокот беше словото”.
Право на учество имаа учениците од средните општински училишта.Од
нашето училиште беа пријавени четворица натпреварувачи.
Прва награда освои Јана Пљокова ученичка во 2-1 клас под менторство на
професор Александра Стојановска.
Трета награда освои Теодора Панова ученичка во 1-2 клас под менторство на
професор Цветанка Карамаркова.
Искрени честитки за нашите наградени ученици, да следат понатамошни
успеси!
Одговорен професор
Александра Стојановска