Во рамките на циклусот натпревари по Информатика организирани од ЗИМ (Здружение на информатичари на Македонија), од нашето училиште учествуваа учениците:Тодор Пљаков и Матеј Ѓорѓиев. На 33 – от регионален натпревар кој се одржа на 1.3.2025 година, ученикот Тодор Пљаков освои втора награда, а ученикот Матеј Ѓорѓиев, трета награда. Благодарение на постигнатиот успех, учениците се пласираа на државниот натпревар по Информатика кој ќе се одржи на 22.3.2025 година.
Им посакуваме успех на нашите вредни и надарени програмери.
Одговорен професор:Гордана Саздова