Посета на актерот Кире Ацевски

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На покана од страна на професорката по Македонски јазик и литература, Весна
Павлова, на наставниот час по Драмска уметност, нашите ученици од јазично –
уметничкото подрачје ги посети актерот Кире Ацевски, поранешен ученик во
Гимназијата „Кочо Рацин“.
Тој истакна дека му претставува особено задоволство што е меѓу учениците од
четврта година и со нив може да ги сподели своите искуства. Ги запозна со
подготовките за полагање на приемен испит на Факултетот за Драмска
уметност во Скопје. Особено го истакна значењето и правилниот избор на
монологот кој учениците треба да по свој избор, со емоции и актерски
способности да го претстават преку сценски настап.
Преку разговор со учениците, нашиот гостин ги пренесе и своите впечатоци и
сеќавања од средношколските денови во Гимназијата. Дел од разговорот беше
посветен и на неговиот сегашен ангажман како актер во велешкиот театар
„Ј.Х.К. Џинот“ во Велес. Ние нему му се заблагодаривме што ја прими поканата
да биде наш гостин и му посакавме доплга и успешна актерска кариера.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den