Предавање на тема „Заштита од злоупотреба на дрога“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

На ден 6.6.2024 година, претставници од Општинскиот совет за превенција од детско
престапништво и од секторот за превенција при СВР Велес, во големата сала на општина
Велес одржаа едукативно предавање на тема „Заштита од злоупотреба на дрога“.
На предавањето присуствуваа ученици од основните и средните училишта во градот.
Преку подготвена презентација од страна на психологот Тоше Лучков, учениците имаа
можност да се запознаат со штетните влијанија и последиците од употреба на дрога кои
таа ги остава врз психичкото и физичкото здравје кај младата личност.Со свое обраќање
се обрати и Билјана Ѓакова, претставник од Советот за превенција од СВР Велес и Менче
Андреева, претседател на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den