ПРЕДАВАЊЕ ВО СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ – ВЕЛЕС

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ПРЕДАВАЊЕ ВО СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ – ВЕЛЕС

На 29 ноември, во просториите на нашата библиотека, беше организиранопредавање во соработка со Центарот за социјални работи – Велес, на тема:„Прекршочни дела кај малолетниците“.

1

 

Социјалниот работник Габриела Јаневска-Гијовска и психологот ЉупкаКостовска, најпрвин ја објаснија дефиницијата за дете од Конвенцијата за правда задецата, нивните права, но и санкциите спрема нив и нивната цел. Се напоменаа имерките на засилен надзор од страна на родителот/старателот, од страна назгрижувачкото семејство или од страна на Центарот.

На учениците им се објаснија и посебните обврски кон мерката засилен надзор,како и видовите на казни за малолетниците. И за малолетниците постојат глоби, коипаѓаат на товар на родителите, а најчесто се однесуваат на направени сообраќајнипрекршоци. Дел од предавањето беше посветено и на запознавање на учениците созаштита на детето како жртва, сведок или оштетено лице во кривична постапка.

Во интерес на потребите на учениците за информации, вработените во Центаротза социјални работи им одговараа на учениците на прашања поврзани со постапкатана водење разговори по направен сообраќаен прекршок, но и извлечената поукаистото да не се повтори.

Координатот за предавања, дебати и трибини за ученици, Биљана Цветкова Величковска

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den