Презентација на Гимназијата пред деветтоодделенците во ООУ „Блаже“ Конески“ – Велес

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

И оваа учебна година ги отвораме ширум вратите на Гимназијата
подготвени да ги пречекаме и прифатиме идните средношколци.
По тој повод нашето училиште беше претставено пред родителите и учениците
во ООУ „Блаже Конески „ – Велес. Тие беа запознати со програмата што се
изучува во четиригодишното гимназиско образование, можноста за избор на
понудените подрaчја, како и и можностите и перспективите кои им ги нуди
гимназиското образование. Се истакнаа посветеноста и мотивираноста на
Гимназијaлците кои секогаш резултираат со успех преку учество во
натпревари, квизови, литературни конкурси, спортски активности, театарски
претстави, ликовни изложби, музички настапи, работата на повеќе проекти и
размената на ученици. Предизвик за идните Гимназијалци е новата билингвална
паралелка со настава на мајчин македонски и англиски јазик.
Во презентацијата пред деветтоодделенците беа вклучени и наши
ученици кои на идните средношколци им го претставија средношколскиот
живот и училишната клима во Гимназијата со цел да им помогнат полесно да
донесат решение, да изберат и да станат ученици на нашето реномирано
училиште.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den