Гимназија „Кочо Рацин“ партнер во проектот DEVCULT
Гимназија „Кочо Рацин“ е партнер во проектот DEVCULT (Developing cultural bonds between European citizens and refugees). Истиот е во клучна акција 2, стратешки партнерства за иновации во областа на образованието. Координатор на проектот е ВУЗФ – универзитет од Софија, а партнери се организации и универзитети од Шпанија, Кипар и Штип, Македонија.
Проектот DEVCULT има за цел да предложи ефективни решенија за интеграција, социјална инклузија и поврзување на маргинизирани групи на популација во европските училишта, како и да ги зајакни компетенциите на наставниците за поголема интеракција помеѓу самите нив, учениците и родителите кои се дел од мултиетничката средина.