Интернационална конференција во Софија

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Дисеминација на резултатите од Проектот Математички лавиринт на Интернационална конференција во Софија

Како дел од активностите за дисеминација и афирмација на резултатите од проектот Математички лавиринт беше учеството на Интернационалната конференција „Математички денови во Софија 2017“ организирана од Институтот по Математика и Информатика на Бугарската Академија на Науките.

Конференцијата се реализираше во периодот од 10 до 14 јули 2017 година во Софија, во присуство на околу 260 учесници. Конференцијата вклучуваше поканети пленарни разговори, покани разговори во секции, мини симпозиуми и истражувачки придонеси.

1

Проектот Математички Лавиринт, неговите цели и резултати беа претставени преку презентација на апстрактот „Solving Real-life Problems for Increasing the Motivation of Students in Learning Mathematics“ (Решавање на реални проблеми за зголемување на мотивацијата на учениците во учењето математика) на 10 јули 2017 година на Институтот по математика при БАН од страна на наставниците Мариче Лазаровска и Христина Леова.

1

Еден од приоритетите на Европското образование и воопшто во нашата земја е подобрување на нивото на знаење на учениците по математика. Учениците користат компјутери, мобилни телефони и други уреди за да ги задоволат своите секојдневни потреби. Ако успееме да ги охрабриме и мотивираме учениците да ги користат овие електронски уреди да истражуваат и решаваат проблеми со кои се среќаваат во секојдневни ситуации, ќе успееме да ги мотивираме да учат математика и во исто време да го зголемиме нивото на знаење по математика. За таа цел постои интерактивна книга Math-Labyrinth развиена на веб-страница math-labyrinth.eu. Проблемите поставени на веб-страницата се во согласност со програмите за средно образование и во корелација со секојдневни ситуации. Ако учениците се соочуваат со некои потешкотии бесплатно може да се регистрираат на интерактивната книга Математички лавиринт каде има голема база на дадени задачи кои овозможуваат визуелизација на проблемите со постапно решавање чекор по чекор.

Присутните на презентацијата наставници, универзитетски професори, математичари со голема заинтересираност поставуваа прашања, даваа позитивни коментари и изразија желба за понатамошна соработка.

Одговорни наставници за проектот Математички Лавиринт

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: