МАТЕМАТИЧКИ ЛАВИРИНТ

Logo pocetna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

МАТЕМАТИЧКИ ЛАВИРИНТ со ERASMUS+

1Националната агенција распиша повик за аплицирање во клучната акција 2. Стратешки партнерства за иновации во областа на образованието и размена на добри практики во која училиштето СОУ Гимназија Кочо Рацин поднесе апликација со наслов Математички Лавиринт.

 Европската комисија од Брисел преку Националните агенции ја реализира програмата за образование, обука, млади и спорт – Еразмус+ во периодот 2014-2020.  Цел е преку транснационални партнерства да го унапреди образованието и вештините на младите со цел да се одговори на повеќе предизвици кои се однесуваат на борба против зголемувањето на нивото на невработенот. Помеѓу приоритетите на Европската Комисија во оваа програма е и унапредување на знаењата по математика кој е основен приоритет и тема на нашиот проект. Зацртаните цели се совпаѓаат со хоризонталните приоритети на Европската унија и програмата.

Стратешкото партнерство е составено од три средни училишта, СОУ Гимназија Кочо Рацин од Велес, Техничко училиште Оресте дел Прете од Сава,  Италија и Хуманистичка гимназија св. Кирил и Методиј од Добрич, Бугарија. Исто така во ова партнерство се вклучени две Математички асоцијации MASSEE од Грција и CY.M.S. од Кипар, како и Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Секоја од овие организации ќе има придонес во реализирање на интелектуалните аутпути кои се производ на проектот.

Во периодот од две годинишната реализација на овој проект ќе бидат разменети добри практики од областа на подучувањето по предметот математика и на нашите ученици ќе им биде доближен европскиот начин на изучување на овој предмет. Еден од интелектуалните производи е изработка на интерактивна книга со математички проблеми кои се актуелни за возраста на средношколците и се совпаѓаат со наставниот план и програма за средно образование. Учениците заедно со нивните наставници ментори ќе креираат задачи и проблеми и притоа ќе даваат насоки и чекори како најлесно да се дојде до решение со користење на слободни софтвери и алатки. Проектот вклучува и изработка на онлајн платформа за учење кое ќе биде придружна алатка на интерактивната книга.  

Како резултат на заедничката работа на сите стратешки парнери во овој проект во наредниот период очекуваме повисоки резулати по математика на државна матура и екстерните тестирања. Сите интелектуални производи ќе бидат со слободен пристап и ќе може да бидат користени од наставници по математика и ученици, не само од Македонија туку и од Европа и пошироко.

Грантот од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност којшто е доделен на Гимназијата за реализација на овој проект е еден од поголемите проекти финансиран од страна на агенцијата.

Кликнете на сликата за да го погледнете аплетот:

2

 

Конкурс за дизајн на лого за проектот “Математички лавиринт” Еразмус +

Ги повикуваме учениците од I до IV година од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ да учествуваат на конкурсот за дизајн на логото на проектот “Математички лавиринт” Еразмус +. Идејните решенија да ги испратат на email: [email protected] најдоцна до 23.10.2015 година. Ученикот со избрано лого ќе учествува на конференција во една од партнерските земји на проектот.

 

Гласaње за избор на лого за проектот Математички лавиринт од Еразмус+

За да гласате на анкетата кликнета на сликата подолу. Изберете една од опциите и испрати.

glasaj

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: