Обука во Македонија “Алтернативна енергија и климатски промени” во рамките на проектот newWERD

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Обука во Македонија “Алтернативна енергија и климатски промени” во рамките на проектот newWERD

newWERD – нов начин на истражување и развој во наставата” е проект во програмата Еразмус+ координиран од СОУ Гимназија Кочо Рацин од Велес. Проектот претставува стратешко партнерство за размена на добри практики меѓу четирите училишта: Liceul Teoretic „Tudor Arghez“, училиште од Крајова, Романија, I.I.S.S. ERASMO DA ROTTERDAM  од Торино, Италија, AGRUPAMENTO DE ESCOLAS DE BARCELOS –училиште од Барселос, Португалија и Гимназија Кочо Рацин од Велес – Македонија како организација апликант.

{besps}stories/ucebna2018_2019/alt_anergija/sliki{/besps}

 

Според проектните активности за реализација на проектот во периодот од 12 до 16 септември 2018 година, во Велес, Македонија се реализираше пет дневна обука за наставници, во која учество земаа и нашите ученици Гимназијалци.

 

На обуката присуствуваа наставници од четирите партнер училишта,а целта на оваа обука е зајакнување на профилот на професијата наставник и усвојување на нови методи и алатки од СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) методологијата, како и оспособување на учениците да бидат креативни, мотивирани и да применуваат наука, математика и технологија при решавање на реални проблемиповрзани со енергетската ефикасност, обновливата енергија и климатските промени.

 

Исто така целта на обуката беше и да ги подготвиме младите како да решаваат проблеми во современиот свет со знаења и вештини, да ги користат информациите и да знаат како да собираат и проценуваат докази за да донесуваат одлуки. Тоа се вештини кои учениците ги развиваат во науката, технологијата, инженерството и математиката. Ако сакаме нација каде младите во иднина ќе имаат способност да ги разберат и решаваат некои од сложените предизвици на денешницата, како и да ги задоволат барањата на динамичната и еволутивната работна сила, тогаш квалитетни знаење и флуентност во науката се од суштинско значење.

 

Изборот што го правиме за тоа како ја користиме енергијата имаат влијание врз животната средина и економијата. Постојат многу работи што можеме да ги направиме за да користиме помалку енергија и да ја користиме помудро. Овие активности вклучуваат и зачувување на енергијата и енергетска ефикасност. Учениците од Гимназијата Кочо Рацин истражуваа за енергетска ефикасност и подготвија каталог “15 акции за заштеда на енергија во училиштата” и презентација за алтернативната енергија и климатските промени.

 

Наставниците и учениците применуваа наука, технологија и математика за да ги истражат проблемите со алтернативната енергија. Обновливата енергија може да биде економичен и еколошки начин за генерирање на енергија. Сè повеќе, индивидуалните згради бараат начини за генерирање на сопствената моќ. За време на обуката имаше неколку работилници за изработка на соларни панели, ветерници и соларни полначи за мобилен телефон. Имаше дискусија за иновациите поврзани со обновливата енергија и како обновливата енергија влијае врз климатските промени.

 

Климатските промени е едно од најкомплексните прашања со кои се соочуваме денес. Тоа вклучува многу димензии – наука, економија, општество, политика, морални и етички прашања – и е глобален проблем, почувствуван и на локални размери. Учениците преку уметноста ги изразија своите ставови, како и својата визија за енергијата околу нас и климатските промени.

 

За време на пет дневната обука се реализираа повеќе активности:

• Посета и презентација на училиштето СОУ Гимназија Кочо Рацин – Велес

• Презентација од учениците “Алтернативна енергија и климатски промени”

• Работилници во училиштето: Изработка на соларни панели, изработка на ветерници, изработка на соларен полнач за мобилен уред;

• Подготовка на каталог “15 Акции за заштеда на енергија во училиште”

• Изработка на флаери, брошури и постери за заштеда на енергија и во корист на алтернативни извори во иднина

• Посета на хидроелектрични централи

• Дискусија за иновациите поврзани со обновливата енергија, како обновливата енергија влијае врз климатските промени

• Посета на Велес и Спомен куќата на Кочо Рацин организирана од ученици

• Културни и социјални настани во Охрид, посета на цркви, музеи и галерии

• Посета на Скопје (Спомен куќа на Мајка Тереза, Плоштад Македонија, Археолошки музеј на Македонија, Стара чаршија, Музеј на илузии

• Прием од градоначалникот на град Велес.

 

 Вредноста на овие обуки се заснова на разновидноста на работната средина, различното искуство на партнер организациите и најважно учење преку активности во реален контекст. Посетата на реалните лаборатории и институции овозможуваат учениците и наставниците да постигнат нов длабок поглед во научниот свет. Учениците истражуваа и учеа за енергија, обновлива енергија и климатски промени преку науката. Тие користеа технологија и инженерство за да дизајнираат производи како соларен панел и ветерница за ефикасно користење на обновлива енергија. Учениците користеа математика за да ги пресметаат заштедите во училиштата и домовите кои се енергетски ефикасни. Наставниците беа ментори на креативноста. Наставниците усвојуваа нови методи за подучување наука, технологија и математика во училницата преку решавање на реални проблеми.

 

Учениците и наставниците од четирите партнер училишта работат заедно во креирање на работни материјали и се здобиваат со знаења и вештини во изучувањето на СТЕМ предметите.

 

Тимот наставници одговорни за проктот newWERD

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: