ВТОРА РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ СО ПРОЕКТОТ FINDNANO ОД ЕРАЗМУС+

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ВТОРА РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ СО ПРОЕКТОТ FINDNANO ОД ЕРАЗМУС+

Ученици од трите училишта: СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, Agrupamento De Escolas De Barcelos и IISS ERASMO DA ROTTERDAM – Никелино (Торино), ги истражуваа нанонауката и нанотехнологијата за време на краткотрајната размена на ученици, каде нашето училиште беше домаќин на 20 ученици и 6 наставници во периодот од 11 до 18 октомври 2019 година, преку проектот findNANO.

Проект findNANO – Мрежа за иновативен развој на НАНО во училиштата е европски проект за стратешко партнерство во областа на училишното образование во програмата ERASMUS+.

Самиот проект претставува стратешко партнерство кое вклучува размена на добри практики меѓу трите училишта: „I. I. S. S. ERASMO DA ROTTERDAM“ – Торино, Италија, „Agrupamento De Escolas De Barcelos“ – Барцелос, Португалија и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, Македонија.

Десет ученици и тројца наставници од секое партнер-училиште учествуваа во еднонеделни активности со цел промовирање на нанотехнологијата како наука и придобивките од реалниот свет кои се создадени со проширување на оваа истражувачка област.

Учениците, заедно со своите наставниците, имаа дискусии, презентации и работилници на тема БиоНАНО – Скриениот код на ДНК. Содржините што беа опфатени за време на размената се: Презентација за структурата, улогата и генетската функција на ДНК, Скриениот код на ДНК, ДНК го одредува вашиот изглед, Изработка на ДНК-модели, ДНК-екстракција од киви и банана – експеримент, Имун систем и електрофореза.

Учениците учествуваа во дискусии и дебати за социјалните, правните, етичките и безбедносните аспекти на нанотехнологијата. Преку работа во групи, учениците земаа активно учество во работилници во кои ги презентираа свои ставови за различните аспекти на нанотехнологијата.

За време на еднонеделната размена на ученици во Македонија, беа реализирани следните активности:
– презентација на неделната програма и посета на училиштето;
– кратка презентација за нашето училиште, градот Велес и Македонија;
– добре дојде од директорот на училиштето;
– презентации за структурата, улогата и генетската функција на ДНК;
– работилници: ДНК го одредува вашиот изглед, Изработка на ДНК модели;
– експеримент за истражување на НАНО: Екстракција на ДНК од киви и банана;
– работилница: Играње мемори – игра со имуниот систем;
– евалвација на работилниците;
– учество на учениците во дискусии и дебати за социјалните, правните, етичките и безбедносни аспекти на нанотехнологиите;
– посета на часови во училиштето;
– посета на Технолошко-металуршки факултет во Скопје, Институт за НАНО-технологија;
– предавање од професор Анита Грозданов: „Во светот на нанотехнологијата“;
– посета на лабораторија за добивање на јаглеродни наноструктури;
– посета на лабораторијата за термичка карактеризација на наноструктурите и наноматеријалите;
– доделување на сертификати за присуство на сите наставници и ученици кои учествуваа на обуката во Македонија;
– посета на музеј-куќата на Кочо Рацин, разглед на град Велес;
– посета на центарот на градот Скопје, посета на спомен-куќата на Мајка Тереза, плоштад Македонија, Старата чаршија;
– посета на Музејот на илузии.

Проектот го поддржува учеството на учениците во откривање на нано светот и нуди педагошки пристап преку развивање на креативноста и поттикнување на нови идеи кај учениците. Вклучувањето на нанотехнологијата во наставната програма ќе поттикне интердисциплинарно истражување на науката во наставниот план. Бидејќи нанотехнологијата е нова интердисциплинарна област, таа може да се вклучи во сите сфери на науката, хемијата, физиката, биологијата, математиката, еколошките науки и инженерството.

Тимот наставници одговорни за проектот findNANO

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: