Реализирани активности од проектот Меѓуетничка интеграција во образованието
Планираните активности во годишната програма за учебната 2015/2016 година по мајчин јазик во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието се реализираа на ден 2.3.2016 година помеѓу учениците од втора и трета година со настава на македонски и албански наставен јазик.
{besps}stories/ucebna2015_2016/aktivnosti_meguetnicka_integracija/sliki{/besps}
Беа организирани три работилници во кои беа вклучени дваесет и четири ученици.
Истражуваа и презентираа содржини од подрачјето јазик и литература на следниве теми:
- Граматички категории на именките во македонскиот и албанскиот јазик;
- Просветителството како литературен правец во македонската и албанската книжевност;
- Романтизмот како литературен правец во македонската и албанската книжевност и негови претставници;
Учениците од своите наставници по мајчин јазик претходно беа запознати со темите и содржините и им беа дадени насоки за реализација на истите.
Преку овие работилници учениците ја покажаа желбата за меѓусебна соработка и можноста да ги споделат меѓусебните знаења, но и да ги откријат разликите што постојат во двете литератури, македонската и албанската.
Изразија желба ваквите работилници да се случуваат почесто каде меѓусебно ќе се запознават и зближуваат.
Оваа активност беше проследена од координаторот на проектот, педагог, Бранка Донева и еден од членовите на проектот Елизабета Николовска, професор по биологија.
Одговорни наставници
Весна Павлова
Цветанка Карамаркова
Александра Стојановска
Магдалена Сарагинова
Линдита Маликова