„Промоција на безбедна училишна средина“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

,,Гимназијата Кочо Рацин“ се вклучи во нов проект „Промоција на безбедна училишна средина“, кој е поддржан од Детската фондација Песталоци, во партнерство со Коалиција на
младински организации СЕГА, Прва Детска Амбасада „Меѓаши“, Македонски центар за граѓанско образование и СМАРТ АП – лабараторија за социјални иновации. На дводневнта
обука за презентација на проектот учество земаа стручните соработници Бранка Донева и Ленче Перчинковска.
Целта на проектот е придонес кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Оваа цел ќе се оствари преку
следните очекувани резултати: одобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство, примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви
можности за сите ученици и ученички.
Како поддршка на функционирањето на ученичките организации ќе се организираат менторски сесии. На 17 ноември 2023 година во училишната библиотека, се реализраше
првата работилница со членовите на Училишната заедница на тема: „Комуникациски вештини“ со Зага Колодезни, назначен ментор за училиштето и стручните соработници од училиштето.
Во наредниот период продолжуваат активностите планирани за реализација во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“.

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: