Во соработка со Црвениот крст на општина Велес, а на иницијатива на Училишната
заедница при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, на ден 5.2.2024 година, во
просториите на училиштето се одржа состанок со Aлександра Илиевска,претставник од
Црвениот крст.На состанокот беа презентирани проектите и волонтерските активности кои
ги реализира организацијата на Црвениот крст, а кон кои можат да се приклучат
учениците и да допринесат во извршувањето на хуманитарната мисија на Црвениот крст
во нашиот град и пошироко.