По повод одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството, во големата сала на општина Велес се одржа пригоден настан. Општинската организација на Црвен крст на Република Македонија за општина Велес, на своите активни волонтери им додели признанија со кои им искажа огромна благодарност за нивното несебично залагање и помош. Волонтерите се ангажираа со цел да им се помогне на кои помошта им е најпотребна.
Нашето училиште се закити со две благодарници. Благодарница на СОУ „Гимназија Кочо Рацин “ –Велес за поддршка и реализација на активностите на Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Велес и индивидуална благодарница за ученикот Филип Настов за поддршка и реализација на активностите на Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Велес. Покрај доделувањето на наградите се одржа и панел дискусија, преку која панелистите: Петре Петрушевски, д-р Кевица Шопова Клифова и Тамара Коцевска ги раскажаа своите волонтерски приказни.