На покана на Организација на жени – Велес , а во соработка со Организација на жени – Свети
Николе, на 12 ноември ученици од нашата Гимназија на малата сцена во Народниот театар
Ј.Х.К.Џинот ја проследија монодрамата „Срам – Погледни се во огледало“ од актерката
Ангелина Стојановска од Куманово. Како централен лик во монодрамата, актерката на свој
начин ја раскажа приказната што оптоварува многу жени на денешницата, а тоа е срамот од
сопствената тежина.