Во среда(02.04.2025), учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес
организираа марш под мотото „Младината против врсничко насилство“, како дел
од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“. Настанот беше
поддржан од Детската фондација Песталоци, а спроведен во партнерство со
неколку релевантни организации.
Маршот започна од дворот на гимназијата и продолжи низ централното градско
подрачје, каде ученици од повеќе училишта носеа транспаренти, беџови и
испратија пораки за ненасилство и солидарност.
На почетокот од маршот беше прочитано писмо со силна порака: „Ние, младите
од Велес, го креваме нашиот глас за да изградиме училишта каде сите ќе се
чувствуваат безбедно.“
Преку овој настан, учениците покажаа дека знаат да бидат лидери и носители на
промени.Настанот имаше за цел да ја подигне свеста за превенција на
насилството, како и да го зајакне дијалогот меѓу учениците, наставниците,
родителите и раководниот кадар.
Проектот се спроведува од септември 2023 до август 2026 година, и освен
маршот, вклучува и едукативни работилници за учениците од основните
училишта.
Со вакви активности, младите од Велес покажуваат дека заедно можеме да
изградиме подобра, побезбедна и похумана училишна средина!
Овој памфлет / видео материјал / активност / публикација е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија За Социјални Иновации.