„заедно против врсничко насилство“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Работилница „Заедно против врсничко насилство“
Во рамките на Годишната програма за работа на училиштето, а во
соработка со Општински совет за превенција од детско престапништво на
општина Велес, планирана е реализација на активности за превенција од
врсничко насилство.
На 13 февруари, 2024 година, во нашето училиште со учениците од
прва година се реализира работилницата „Заедно против врсничко насилство“.
Подготовката и реализацијата на работилницата е од страна на стручните
соработници:Бранка Донева, педагог, Анита Смилевска, психолог, Ленче
Перчинковска, специјален едукатор и Весна Павлова, претставник од
училиштето, член на Општинскиот совет за превенција од детско
престапништво.
На почеток, присутните ученици ги поздрави проф.Весна Павлова, која ги
запозна со формирањето на Општинскиот совет за превенција од детско
престапништво и остварување на целите во насока на препознавање на
локалните проблеми.
Во воведниот дел на работилницата се обрати специјалниот едукатор,
Ленче Перчинковска, која ги информираше учениците со темата на
работилницата и подетално ги воведе во текот на работата.Во продолжение,
пред присутните ученици во улога на врсничките едукатори, се претставија
учениците Андреј Димоски и Викторија Трајковска од трета година. Тие преку
подготвена презентација ги запознаа учениците со терминот насилство,
врсничко насилство и форми на насилството истакнувајќи дека превенцијата е
приоритет при врсничкото насилство.
„Со игнорирање влијаеме – негативно, со зборување и кревање свесност за
проблемот, влијаеме – позитивно“.
Во понатамошниот дел на работилницата учениците проследија видеа
со вистински случки за врсничко насилство по кои се отвори дискусија за
постапката на ликовите од видеата.
Во завршниот дел на работилницата учениците работеа во групи на зададена
активност „Приказни со врсничко насилство“.Секоја група понуди решенија за
надминување на врсничкото насилство.Од страна на врсничките едукатори и
стручните соработници работилницата заврши со совет дека секогаш треба да
се побара помош за она што го чувствуваш или доживуваш, тоа може само да
придонесе да ти биде подобро. Разговарај со своите родители, класен
раководител, стручни соработници, наставници, со некој возрасен во кого имаш
доверба, тие ќе најдат начин да ти помогнат.
Им изразуваме благодарност на сите ученици кои учествуваа во
работилницата и го дадода својот придонес за нејзината успешна реализација.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: