ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ
Почитувани ученици,
На 24,25 и 26 Септември 2018 година ние инспекторите од Државниот просветен инспекторат ќе го посетиме вашето училиште. Целта на нашата посета е да дознаеме што е добро во училиштето, а што треба да се подобри.
{besps}stories/ucebna2018_2019/izvestuvanje1/sliki{/besps}
Во текот на нашиот престој во училиштето ние ќе ги разгледаме училишните простории (училниците, училишната библиотека, спортската сала, кујната и друго), училишниот двор и ќе присуствуваме на часовите. За да го согледаме квалитетот на наставата, постигањата, резултатите, редовноста, хигиената и дисциплината, потребно е да разговараме со вас и да пополните aнонимни прашалници.
Со почит,
Раководител на инспекциски тим
Државен просветен инспектор
Гордан Стојчевски