Натпревари „Наноматеријали – материјали на иднината“
Наноматеријалите и нанотехнологијата се научни области на кои во последниве децении им се посветува големо внимание. Научните работници се посветиле на нивното проучување и усовршување сметајќи дека тие се материјали кои ќе ја подобрат и усовршат нашата иднина во многу области. На овој предизвик се одважија и младите физичари и хемичари од нашето училиште, кои неколку години наназад учествуваат на натпреварите за наноматеријали. Регионалниот натпревар се одржа на Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје.Покровител на натпреварите е Министерството за образование и наука на Република Македонија.
{besps}stories/ucebna2014_2015/natprevari/nanomaterijali/sliki{/besps}
Натпреварувачите учествуваа во двојки. Од нашето училиште учество земаа следните ученици кои работеа под менторство на своите професори:
Катерина Темелкова и Љубчо Јованов – трета година, прво место
Александра Настова и Валентина Николиќ – втора година
Вероника Бениќ и Даниел Андоновски – втора година
Ментор – професор Надица Теова;
Анреј Кодовски и Олга Миљковиќ– втора година
Цветанка Ацева и Саше Петров – втора година
Ментор – професор Петранка Стојановска;
Марин Наумовски и Тања Илиевска– втора година
Ментор – професор Ангелина Додов;
Стефан Каракачанов и Благица Топалова -трета година
Ментор – професор Драгана Тевчева;
Наталија Стојанова и Марија Мијакова
Ментор – професор Марјан Стојанов.
Натпреварувачката двојка Катерина Темелковска и Љубчо Јованов, која работеше под менторство на професорката Надица Теова, на Регионалниот натпревар го освои првото место, а со тоа и со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 8 мај 2015 година на Технолошкиот факултет во Скопје. Дополнителен стимул за победниците е и наградата од 6000 денари. На натпреварувачите им честитаме на успехот и од се срце им посакуваме добар пласман на Државниот натпревар.