На 14 и 15 октомври 2026 година, ученици од СОУ,,Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, учествуваа во Планската игра ,,Локална самоуправа“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт. Учениците се запознаа
со локалната самоуправа и надлежностите на општината .
Преку симулација на работата на Советот на Општината, учениците активно учествуваа во дискусии, предлагаа решенија за прашања од интерес на граѓаните и учествуваа во процесот на донесување одлуки.
На симулацијата присуствуваа: Марко Колев градоначалник на Општина Велес, советници од Советот на Општината и Илија Попов, директорот на СОУ,,Гимназија Кочо Рацин“ – Велес . Со оваа практична активност учениците стекнаа нови знаења и искуства за значењето на локалната самоуправа и важноста на учеството на младите во демократските процеси.
Младите не се само иднината – тие се активни учесници во сегашноста!
Одговорни професори:
Тања Чипевска
Пале Трпкова


