Традиционално, по петти пат, учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“,
на бината во училиштниот двор, го одбележаа 16-ти октомври, ден кога
трагично згасна животот на дваесет и шест годишниот Тоше Проески,
големата музичка ѕвезда од нашата естрада.
Во негова чест и оваа година, учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ –
Велес, со поддршка на директорот, г-дин Илија Попов, а под менторство на
професорите: Магдалена Сарагинова, Јулијана Михова и Атанас Зафиров,
организираа хуманитарен настан и пригодна програма.
Оваа година кон чествувањето се приклучија и учениците по соло пеење од
„Супер старс“, под менторство на Вероника Караколева.
Како сите години досега, така и оваа, не ја заборавивме и хуманоста како што
и Тоше на ја забораваше. Поддршка како и изминатите години, имавме од
младите волонтери на Општинската организација на Црвен Крст – Велес, Тие
поставија штанд со касичка, за собирање на парични средства кои ќе се
наменат, онаму каде што ќе бидат најпотребни.
Преку перформансот „Тоше, во срце те носиме!“, ученичките: Теодора
Панова, Нина Митевска, Елена Накова и Лана Ракиџиева, нè потсетија на
животниот пат и делото на прерано загинатата македонска ѕвезда која гордо
чекореше на музичката сцена.
Некогаш зборовите сами се пишуваат — кога срцето зборува место тебе. Така
настанале стиховите на ученикот Љубе Лазов… напишани во миг на тишина,
во миг кога го почувствувал присуството на Тоше, во миг кога го
почувствувал стравот за губење на најголемата љубов, изразена во песните
на Тоше… некаде меѓу светлината и спомените. Зборовите оживеаја преку
неговиот глас, кој со срце и душа ја изрецитира песната што лично тој ја
создаде.
Уживавме во музичкиот колаж од врвните музички остварувања на Тоше, во
изведба на нашите солисти: Ангел Димов, Марко Стојановски, Лана
Ракиџиева, Лили Божиновска, Ангела Николова, Теона Тосевска, Лана
Басаров, Кристина Станишева и хорот од II-3 клас во придружба на
учениците од училиштниот бенд: Андреј Цецев, Кристина Станишева, Леон
Петков, Љубе Лазов, Ангел Димов, Марко Ристов, Филип Тодоровски,
Димитар Илиев и Кристијан Панов. Во текот на целиот настан не
придружуваа и ученичките: Ана Крстева и Драгана Цебова кои со своите
уметнички способности го овековечија, ликот на нашиот Тоше.
Низ годинешниот настан, не водеа учениците: Лина Стојановска и Јаков
Ѓоргоски.



