Ново признание

poetry
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Ново признание за ученичката Ирена Христова

Убавите вести за поетскиот талент на нашата ученичка Ирена Христова повторно не израдуваа и ние сме особено горди што во нашата гимназија имаме таков ученик. Пред неколку дена пишувавме за меѓународната награда на Ирена, а денес вести за нов успех на конкурсот на кој учествуваат повеќе земји од Балканот.

 irena hristova

Конкурсот е распишан во чест на големиот јужнословенски лиричар Алекса Шантиќ,а со свои творби учествуваат млади поети од: Република Србија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Македонија, Романија и Унгарија.

Жири комисијата примила 699 поетски творби од педесет основни, средни училишта и гимназии. Во категоријата за средни училишта творбата на Ирена, „Копнеж за подобро утре“, е единствената творба од Македонија која беше пофалена од жирито кое го предводи еминентниот српски писател Перо Зубац.

Наградените и пофалените ученици своите признанија ќе ги примат на 21 мај 2015 година во Основното училиште „ Алекса Шантиќ“ во населбата Калуѓерица во Белград.

Пофалби и честитки за Ирена и уште еднаш искажана желба за уште многу успеси во чекорењето низ животот.

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den