🌳🌱 Заедно за позелен и поубав училиштен двор!

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

🌳🌱 Заедно за позелен и поубав училиштен двор!

На 28.10.2026 година, во дворот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, се реализираше  акција за засадување дрвја и разубавување на училиштниот простор.

Во акцијата активно се вклучија Екоодборот, учениците, професорите и техничкиот персонал, кои со заеднички труд придонесоа за создавање позелена, поубава и попријатна училишна средина.

🌿 Оваа активност претставува продолжување и дополнување на активностите за реконструкција и уредување на училиштниот двор, кои се реализираа во изминатиот период, со цел целосно обновување и разубавување на просторот.

Со ваквите активности не само што го разубавуваме нашето училиште, туку кај учениците ја поттикнуваме и свеста за заштита на животната средина, одговорноста и грижата за заедничкиот простор.

💚 Заедно создаваме поубава Гимназија за сегашните и идните генерации!

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den