Театарска претстава „Пет фази на врската“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Театарска претстава „Пет фази на врската“

Покрај многубројните активности реализирани во рамките на презентација на нашата Гимназија пред основните училишта во нашиот град, е и подготовка на театарска претстава.

{besps}stories/ucebna2014_2015/teatarska_pretstava/sliki{/besps}

 

„Пет фази на врската“ е театарската претстава која се изведе на 28 мај, 2015 година во салата Бели мугри“ во два термина, пред учениците од деветто оддделение од основните училишта и учениците од нашето училиште. Интересот за нашите претстави секогаш е голем, па така тие се играат по неколку пати за публиката која не успеала да ги проследи.

Претставата „Пет фази на врската“ наиде на топол прием кај публиката, особено поради тоа што младите актери – гимназијалци беа исклучително успешни во својата задача. Потврда за успешно завршената задача беше преполната сала ,,Бели Мугри”. Нашите ученици не се професионални актери, но во своите срца секогаш носат искрена желба успешно да ја одиграат улогата на актери.

Одговорни професори:

Јовица Темов

Весна Павлова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den