Гимназијалецот Костадин Жежов на дружба со музичките легенди
Oд 24 до 26 јуни, во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево беше организирана првата гитарска работилница под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.
Работилницата беше предводена од македонската гитарска легенда Влатко Стефановски и реномираниот музичар Христо Христовски-Мулар.
Учество земаа 70 гитаристи од Балканот.
Меѓу нив беше и Костадин Жежов, ученик од прва година од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес.
Свирењето гитара за него е омилено хоби. Свири класична гитара. Учеството на оваа работилница е посебно признание за досега вложениот труд.
После три дена напорни вежби по два пати во денот следеше заеднички концерт на Влатко Стефановски, Христо Христовски-Мулар и сите 70 гитаристи.
Тие 60 минути ја забавуваа публиката во Кршево со хитовите: Јовано Јованке, Чукни во дрво, Џипси сонг…
Посебна почит на нашиот ангел Тоше Проески му оддадоа со неговиот голем хит „Излажи ме“…
„Навистина беше прекрасно да се дружиме со легендата Влатко Стефановск и Христо Мулар, а посебно да свирам заедно со нив. Понесов прекрасни спомени од Крушево и мотив уште повеќе да работам и да постигнам поголеми успеси.“ – вели Костадин.
Погледнете го видеото и уживајте
{youtube}Y7dXmDGVwgU|570|380|0{/youtube}