На ден 9.10.2023 година во нашето училиште се спроведе гласањето од страна на учениците од прва до четврта година за избор на претседател на Училишната заедница.Кандидатите Ана Бошкова од 3-2 клас и Филип Настов од 3-4 клас, со своите тимови во изминатиот период пред Гимназијалците ги презентираа програмите и идеите за работата на Училишната заедница. Врз основа на резултатите од гласањето на учениците, за претседател на Училишната заедница е избрана ученичката Ана Бошкова од 3-2 клас. И посакуваме успешно да ги реализира планираните активности во соработка со учениците и наставниците во Гимназијата.