Книгата е доказ дека кога се прави она што навистина искрено се сака, успехот е
неизбежен.Денес тоа го докажавме заедно со нашите драги деветтоодделенци од
основните училишта:„Блаже Конески“, „Васил Главинов“, „Кирил и Методиј“ и
„Панко Брашнаров“.
Годинешново одбележување на „Месецот на книгата“ го отпочнавме со кратко
видео, подготвено од учениците: Филип Инчев и Љубе Лазов. Видеото е со голема
и силна порака дека книгата ги зближува сите генерации.Таа е најмоќна, нјасилна
и најискрена пријателка за сите нас.
Нашето дружење продолжи со неколку активности посветени на важноста на
книгата и читањето. Низ активностите не водеа учениците:Елена Кузманова, Јана
Стојановска, Ана Петрова, Михаела Ивановска и Лана Ракиџиева.
На настанот, Гимназијалците: Јована Сиљановска, Берфин Тафоска, Теодора
Ристовска, Ана Јовановска и Михаела Димитриева, пред учениците од деветто
одделение одговорија на прашањетo зошто треба да се запишат во
Гимназијата „Кочо Рацин“, запознавајќи ги со новата концепција на
гимназиското образование и можностите што ги нуди истото за поуспешно
продолжување на образованието на високообразовните институции.
Со надеж дека во иднина ќе бидат наши ученици, тие ги поканија да бидат дел од
активностите и манифестациите, преку кои ќе го покажат својот талент и своите
можности и способности.
Во музичкиот дел на програмата, настапија учениците: Лана Ракиџиева и Љубе
Лазов, под менторство на професорот по Музичка уметност, Атанас Зафиров.
Реализирањето на оваа активност беше реализирана од професорите на
Стручниот актив по Македонски јазик и литература, координирана од
професорките Цветанка Карамаркова и Весна Павлова.
Програмата ја водеа учениците: Стефанија Станковска и Љубе Лазов. Пријатните
мигови од овој настан ги овековечи ученикот Филип Инчев.


