На ден 19.10.2023 година се одржаа општинските натпревари во ракомет за средните училишта во градот.
Екипата при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ е општински првак во ракомет – машки, совладувајќи ги противничките екипи на ССОУ„ Димитрија Чуповски“ и ССОУ „Коле Неделковски“. Во текот на натпреварот, Гимназијалците го дадоа својот максимум и покажаа неверојатна желба, карактер и супериорност, бранејќи ги боите на Гимназијата.
Со постигнатиот успех и победа покажаа дека се најдобри во градот.
Тренер: Maртин Димов
Контролор и делегат:Славчо Давитковски