СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“, која со гордост го носи името на својот патрон и оваа година се вклучи во одбележувањето на 56 Детски Рацинови средби со следните активности.
Директорот и вработените при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, со положување на букет цвеќе на бистата на Рацин во училишниот двор на Гимназијата, споменикот на Рацин во центарот на градот и Спомен – Костурницата, му оддадоа почит на својот патрон.Чествувањето продолжи во училишната библиотека каде гостуваше проф.д-р Елка Јачева – Улчар.Пред учениците од основните и средните училишта во градот и професорите по Македонски јазик и литература, таа зборуваше за највпечатливите стихови од стихозбирката „Антологија на болката“, за љубовните изливи на Рацин кон Раца низ раскажувањата на Рахилка Фирфова – Ѓоргова.Стихови од стихозбирката интерпретираа учениците: Јаков Ѓоргоски, Бојана Мицевска, Ања Трајковска, Нина Митевска и Теодора Панова, придружени со музичките ноти на виолината во изведба на Кристина Станишева и на гитарата во изведба на Михаил Петковски.Голема благодарност до ученичката Ива Илиевска, која беше одговорна во врска со ангажманот на темата поврзана со „Антологија на болката“, како и на одговорните професори по Македонски јазик и литература Цветанка Карамаркова и Весна Павлова и професорот по Музичка уметност, Атанас Зафиров. Програмата ја водеа учениците:Елена Сараулева и Матеј Славески.
По поводвод 56.Детски Рацинови средби, ученици од нашата Гимназија со професорката по Македонски јазик и литература, Александра Стојановска, беа дел од активноста „На гости кај Рацин“ и ја посетија Спомен – куќата на Рацин.
Во духот на чествувањето на ликот и делото на Рацин, беше распишан поетски и ликовен конкурс и натпревар во ораторство на тема „Да му го земеш јазикот на народот – тоа значи да му ја земеш душата“. Учениците имаа можност да учествуваат и на рецитаторски натпревар на кои интерпретираа стихови од Рациновата поезија од песната „Утрото над нас“. Ученици од нашето училиште кои се пласираа во вториот круг на натпреварот за ораторство и рецитирање распишан по повод 56. Детски Рацинови средби се: Јана Пљокова, ментор Милка Петровски, и Ива Илиевска и Јаков Ѓорговски, ментор, Цветанка Карамаркова. На поетскиот конкурс со пофалници се здобија учениците: Изабела Ѓурчиновски, ментор Магдалена Сарагинова и Јана Пљокова, ментор Александра Стојановска. На ликовниот конкурс првата награда и припадна на ученичката Стефани Настова под менторство на професорката Јулијана Михова.
Младите рецитатори се претставија пред публиката на пригодна свеченост која се одржа на 11 ноември во салата на општина Велес. Жири комисијата во состав: Ненад Витанов, Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски, актери во Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ – Велес, го проследи нивниот настап и го соопшти своето решение.
Првата награда на рецитаторскиот натпревар му ја додели на ученикот Јаков Ѓоргоски, од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Со трета награда на ораторскиот натпревар се здоби ученичката Јана Пљоков, а со пофалница ученичката Ива Илиевска од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Рацинови следбеници, ви упатуваме честитки и продолжете и понатаму преку вашите стихови да го негувате јазикот македонски.