Одбележан Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА
Во организација на Советот за јавно здравје при Општина Велес, а по повод Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, во големата сала во Општина Велес се одржа трибина на тема „Сведи на нула – информирај се, тестирај се и не дискриминирај“.
{besps}stories/ucebna2015_2016/svetski_den_sida/sliki{/besps}
Насловот на трибината е мотото под кое се реализираат сите активности во Република Македонија поврзани со борбата против оваа сексуално пренослива болест.
На трибината говореа д-р Билјана Трајкова и д-р Ефтим Димитриев од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес.
На учениците од сите основни и средни училишта од Велес им беа пренесени сите информации за ХИВ инфекцијата како и преносот, заштитата и лекувањето од истата. Од нашето училиште учество земаа учениците од прва и втора година.
Податоците за големиот број на заболени лица од ХИВ/Сида инфекцијата во светот, а секако и кај нас треба, да бидат показател за сите нас за поголема претпазливост.