Општинската организација на Црвен крст, Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во координација со професорката Елизабета Николовска на 6.12.2023 година, организираа и реализираа, успешна крводарителска акција, во СОУ ” Гимназија Кочо Рацин “, Велес. На крводарителската акција, својата крв ја даруваа 21 ученик и 3 професора. Некои од дарителите, за првпат ја покажаа својата хуманост, дарувајќи ја својата крв која за некој, живот значи.
Голема благодарност упатуваме до сите хумани луѓе кои допринесоа, за успешна реализација на акцијата.
Автор: Викторија Дојчинова.