На 7 декември 2023 година од страна на директорот на СОУ „Гимназија Кочо
Рацин“ – Велес, Илија Попов и претседателот на Младински образовен форум,
Ристо Савески, беше потпишан меморандум за соработка, чија главна цел е
учество на учениците од Гимназијата во младинските клубови и активностите на
МОФ.
Преку овој меморандум учениците ќе имаат можност да се вклучат во предавања
во рамките на клубовите: „Учиме право“, „Дебата“ и „Младински активизам“.
Членовите на клубовите ќе можат да учествуваат во посети на локални и
национални државни институции, учество на национални дебатни првенства,
работилници и други активности поддржани од страна на МОФ.