На 28.12.2023 гoдина, нашето училиште го посетија претставниците на Амбасадата на
Соединетите Американски Држави, Филип и Бојан, коишто несебично им ги презентираа сите
достапни проекти на нашите ученици. Со одговорниот професор за соработката, Благица
Аризанова – Шопов, се утврдија идните проекти кои ќе започнат со реализација на почетокот
во второто полугодие од оваа учебна година.