Соработка со Lions-Veles и Lion Josif Damjanov – Herbalife
Во соработка со со Lions-Veles и Lion Josif Damjanov – Herbalife, на 1.3.2016 година во Гимназијата „Кочо Рацин“ се одржа презентација за важноста и влијанието на исхраната врз животот на луѓето, а особено врз животот на младите.
Презентацијата ја проследија над седумдесет ученици од нашето училиште од прва до четврта година. Учениците имаа можност да се запознаат со начинот и видовите на храна кои корисно и позитивно влијаат врз човековиот организам.