Месецот на франкофонијата
По повод месецот на франкофонијата, месец март, на ден 17.03.2016 во француското катче во Библиотеката Бели Мугри учениците кои го изучуваат францускиот јазик и се дел од проектната задача по француски јазик преку литературно читање кое беше на француски и македонски јазик го претставија еден од светски најпознатите француски писатели Виктор Иго, овој пат ставајќи акцент на неговата извонредна љубовна поезија.
{besps}stories/ucebna2015_2016/mesec_na_frankofonija_mart/sliki{/besps}
Потоа следуваше кратка пиеса за забранетата љубов а вечерта се заврши со неколку француски шансони.
За овој настан успешно да се реализира придонесоа следните ученици:
Кристијан Јорданов 3-6, Сандра Танчева 3-6, Сања Мирчева 3-6, Саше Петров 3-6, Трајче Андреев 3-6, Костадин Костов 3-6, Наталија Тасиќ 3-6, Елена Ќимовска 3-6, Габриела Ѓорѓиева 3-6, Симона Рушитовиќ 3-6, Валерија Младеновиќ 3-6, Тања Илиева 3-1 , Бојана Маркова 3-1, Цветанка Мирова 3-5 , Филип Димковски 1-5, Петар Андреев 1-5 Дино Јанакиев 1-5,Ева Димитриева 1-5, Александар Андоновски 1-5, Антонио Јовановски 1-4, Марија Атанасова 1-4.
Особена чест и задоволство беше фактот што наша публика беа деветоодделенците од нашите основни училишта и токму од нивните искрени реакции можевме да го видиме нивниот интерес за францускиот јазик, култура и традиција.
Одговорен професор
Љубица Темелковска