Регионален натпревар по латински јазик
Учениците од нашата Гимназија учествуваа на Регионалниот натпревар по латински јазик кој се одржа на 7 Мај 2016 година во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес. Натпреварувачите имаа можност да ги покажат своите солидни знаења за овој јазик и ги освоија следните резултати:
{besps}stories/ucebna2015_2016/latinski_regionalen/sliki{/besps}
Првото место го делат учениците:
- Андреј Кодовски (30 бодови);
- Бесим Рамаданов (28 бодови);
- Цветанка Ацева (27 бодови);
- Моника Таневска (27 бодови)
Второ место не беше доделено.
Третото место го поделија ученичките:
- Елена Ќимовска (22 бодови);
- Миранда Адеми (20 бодови)
Учениците се подготвуваа под менторство на професорката Лилјана Стрезовска Темовска. На учениците и на нивниот ментор им честитаме на успехот.