СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, во соработка со Општина Велес,
достојно го одбележа 14 Март – Денот на отпочнувањето на Штрајкот на
учениците од велешката Гимназија. Оваа година прославуваме 82
години од бунтовниот 14 Март 1942 година, денот кога напредните
младинци, Гимназијалци го кажале своето решително, НЕ, на бугарските
окупаторски власти.
Годинешново прославување го одбележавме со изведба на
театарската претстава „Штрајкот на велешките Гимназијалци“. При
адаптацијата на текстот беа ангажирани учениците Ива Илиевска и
Кристијан Мартинов во режија на професорките по Македонски јазик и
литература Цветанка Карамаркова и Весна Павлова. На сцената
настапија актерите: Филип Настов, Кристијан Мартинов, Димитар Коцев,
Ива Ракиџиева, Викторија Панзова, Изабела Жабева, Милена Димова,
Анастасија Крлева, Јана Трипуновска, Катја Зафирова, Памела
Миланова, Матеј Славески, Марио Заеков, Андреј Миров, Марко
Стојановски, Сергеј Рушков, Гордан Ќимов, Борис Павлов и оркестарот во состав:
Михаил Петковски и Стојан Димовски – гитара, Ангел Богоевски, бас
гитара, Филип Андовски – кларинет, Кристина Станишева – виолина,
Андреј Цецев – џез тапани, под менторство на професорот по Музичка
уметност, Атанас Зафиров.
За изработката на транспарентите се погрижија учениците:Ива
Илиевска, Теодора Панова, Марија Манева, Кристина Станишева,
Катерина Здравева, Мила Петковска и Вања Андова под менторство на
професорката по Ликовна уметност, Јулијана Михова. Фотографиите ги
изработи ученичката Ивана Јанкуловска, а постерот и поканата ученикот
Кристијан Мартинов.Програмата ја водеа учениците:Ана Бошкова и
Јаков Ѓоргоски.
Театарската претстава беше топло примена од присутните кои ја
проследија со внимание. Младите актери беа наградени од публиката со
громогласен аплауз кој беше најголема пофалба и благодарност за
трудот кој тие го вложија во реализирање на претставата.Тие на сцената
ја прикажаа приказната за една бујна и непоколеблива младост во чие
срце бие љубовта за својот јазик и за својот народ. Ги оживеаја
ликовите на многу млади луѓе кои застанале во одбрана на својот јазик и
својата национална самобитност, доволно храбри и решителни да го
искажат своето негодување против наметнувањето на бугарскиот јазик
во наставата.